Вредноста на биткоин скокна за дури 20% откако Илон Маск ја тагна криптовалутата на Twitter

- Advertisement -

Вредноста на биткоин вчера се зголеми за 20% откако Илон Маск го додаде хаштагот #bitcoin на својот профил на Twitter. Виртуелната валута набрзина поскапе околу 8,30 часот во средно европско време, при што во рок од само еден час вредноста и се зголеми за 5.000 долари на 37.299 долари, покажуваат податоци на порталот CoinDesk.

Дигиталната валута во текот на тргувањето продолжи да поскапува и во 13 часот достигна околу 37.600 долари. И покрај вчерашниот скок на вредноста биткоин уште е за околу 13% под своето рекордно ниво од околу 41.940 долари забележани на почетокот на јануари, додека од почетокот на годината досега поскапе за околу 25%.

- Advertisement -

Маск го додаде биткоин на својот профил после нагаѓањата за тоа дали директорот на Teslа ќе купи биткоини или ќе ја воведе оваа криптовалута во компанијата. Овој американски милијардер го тагираше биткоин после размената на пораки на Twitter со Мајкл Сеилор, извршен директор на софтверската компанија MicroStrategy минатиот месец, до која дојде после твитот на Маск дека е во искушение да ја купи оваа виртуелна валута.

(SEEBiz.eu)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -