Во Кина стартува револуција на роботски такси возила

- Advertisement -

После американскиот град Феникс, кинески Шенжен е наредниот град каде што може да се нарача превоз со такси во кое нема возач, односно роботско такси. Уште претходно во соработка со Alibabа започна пилот-проект со автономни возила кој се покажа успешен и AutoX својата услуга одлучи да ја отвори за јавноста. Се разбира, пред тоа ги доби сите регулаторни дозволи.

Такси возилата потсетуваат на моделот Chrysler Pacific, кој го користи Waymo, и се преполни со напредни технологии кои управуваат со секој потег на возилото. Детално следат се што се случува околу нив за да реагираат навреме на секоја потенцијална опасност. На возилата се инсталирани и камери со висока резолуција, радари и LiDAR, а од AutoX велат дека нивните автомобили имаат ниво на автономија 4/5.

- Advertisement -

Кога ќе влезат во автомобил, патниците ќе можат да ја контактираат слуѓбата за корисници и од нив да побараат секакви информации во врска со автономниот превоз.

Бидејќи станува збор за целосно автономни автомобили, корисниците преку апликација ќе повикаат такси, а кога возилото ќе дојде по нив, предните седишта ќе бидат празни. Нема да има ни возач, ни некој што ќе го следи возењето од совозачкото седиште.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -