Старт-ап компаниите со можност за учество на предизвик на Светската автомобилистичка федерација

- Advertisement -

Авто-мото сојузот на Македонија и Бизнис акцелераторот УКИМ ги покануваат македонските старт-ап компании да учествуваат на годинашниот старт-ап предизвик на Светската автомобилистичка федерација.

Од АМСМ и БАУ повикуваат, сите старт-ап компании што имаат идеја, но, досега немале можност да го пласираат својот производ или услуга, може да учествуваат на повикот до крајот на овој месец.

- Advertisement -

Во соопштението стои дека компаниите може да ги понудат своите идеи во следните категории: како мобилити клубовите може да ја подобрат и иновираат употребата на автомобили во иднина, како клубовите може да ги понудат најдобрите решенија за мобилност на своите членови и како мобилити клубовите може да им го олеснат животот на луѓето и надвор од нивните автомобили?

Старт-ап компаниите кои ќе бидат селектирани во потесниот круг на предизвикот ќе добијат можност да се поврзат со мрежата на FIA Region I, кој преку своите 103 клубови-членки, претставува пазар од над 36 милиони потрошувачи во Европа, Блискиот Исток и Африка и да учествува на онлајн настани со избрани експерти за иновации и бизнис развој и можност за средба со маркетинг и бизнис професионалци на клубовите на водечките мобилити клубови.

- Advertisement -

За време на процесот на селекција, доставените идеи се евалуираат од експертите за иновации на клубовите-членки на FIA Region I. Старт-ап компаниите кои ќе влезат во потесниот избор ќе работат заедно со овие експерти заради потенцијално усогласување со деловните активности на мобилити клубовите.

(МИА)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -