Пет стипендии од ЕСМ, МЕПСО и ЕВН за студентите на ФЕИТ

- Advertisement -

Трите македонски енергетски компании, деветти пат по ред, доделија стипендии на студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Пет студенти од ФЕИТ се нови стипендисти на АД ЕСМ, ЕВН Македонија и АД МЕПСО.

Во согласност со воспоставената практика од 2012 година, компаниите доделија пет стипендии на студенти од прва и втора година запишани на електроенергетските насоки на ФЕИТ, во студиската 2019 – 2020 година. Стипендиите се во износ од 8.000 денари месечно, и се доделуваат за 10 месеци, со можност за продолжување или за прекин. Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, при што услов е просекот во текот на студирањето да биде над 8,0.

- Advertisement -

Компаниите најавија дека и во иднина ќе продолжат да го поддржуваат образовниот процес и создавањето кадри што моментно се курентни и неопходни на пазарот на трудот за развој на нашата економијa.

(МИА)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -