10 милиони Британци ја примија првата доза од вакцината против корона вирусот

- Advertisement -

Повеќе од 10 милиони луѓе во Велика Бритнаија ја примија првата доза од вакцината против КОВИД-9, изјави вчера министерот за здравство на Велика Бритнаија, Мет Хенкок, и додаде дека тоа е големо достигнување.

Британија сака до средината на февруари да ги вакцинира сите луѓе постари од 70 години, високо ранливите категории и здравствените работници во болниците. Темпото на вакцинираање, со кое моментално дневно се вакцинираат по 40.000 луѓе, ја става Велика Британија на трето место по бројот на вакцинирани луѓе на 100 жители, веднаш после Израел и Обединетите Арапски Емирати.

- Advertisement -

„Ова е значаен пресврт во нашите национални напори во борбата против пандемијата“ напиша Хенкок на Twitter.

Земјата ја одобри употребата на вакцините кои ги развија Pfizer и BioNTech и Универзитетот Оксфорд и AstraZeneca порано отколку што го направија тоа САД и ЕУ, што и овозможи побрзо да почне да вакцинира. Британија склучи и договори за снабдување со производителите на вакцини уште во текот на развојот на вакцините и така ги избеган проблемите со достава, кои ја кочат европската програма.

- Advertisement -

(SEEBiz.eu)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -