Во Данска ќе се гради првиот енергетски остров во светот

- Advertisement -

Данска на Северното Море ќе го гради првиот енергетски остров во светот, на кој ќе се произведува струја за 3 милиони домаќинства, а ќе чини околу 34 милијарди долари. Островот ќе се простира на површина од најмалку 120.000 квадратни метри, што е еднакво на 18 фудбалски терени. Постои можност островот да биде и трипати поголем од тоа. Вештачкиот остров ќе биде поврзан со стотици фарми на ветар.

Изградбата на островот е еден од најбитните проекти во историјата на Данска, а ќе го гради конзорциумот VindØ. Островот ќе биде делумно во државна и делумно во приватна сопственост. На него ќе се произведува струја не само за Данска, туку и за жителите на соседните земји. Професорот Јакоб Остергард од данскиот Технички универзитет истакна дека од островот ќе имаат корист и Велика Британија, Германија и Холандија.

- Advertisement -

Зелениот водород од островот ќе може да се користи во бродарската и воздухопловната индустрија, како и во транспортот. Данска се обврза дека од 1990 до 2030 година ќе ја намали емисијата на стакленички гасови за 70%, а до 2050 година да стане карбонски неутрална држава, па овој остров ќе помогне во остварувањето на таа цел.

Професорот Остергард изјави дека со овој проект земјата станува пионер на полето енергетски проекти. За компанијата Dansk Energy ова е показател дека соништата стануваат реалност. Најголем дел од политичарите ја поддржаа изградбата на островот. Исто така, планирана е изградба на уште еден малку помал остров на Малтичкото Море. Веќе е потпишан договор дека струјата од тој остров ќе се дистрибуира во Германија, Белгија и во Холандија.

- Advertisement -

Во Европската унија сакаат значително да ја зголемат употребата на енергија од ветрот, а една третина од потребите за струја моментално се задоволува со користење обновливи извори на енергија.

(BBC)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -