Комората на сметководители бара одлагање на роковите за завршни сметки поради пандемијата

- Advertisement -

Одбиено е барањето на сметководителите да се продолжат роковите за поднесување на завршните сметки за два месеци. 

Образложението, според дописот кој го добиле од Министерството за економија, е дека ќе се пречекорел рокот за јавно објавување и доставување на податоците до ЕУ а со тоа ќе се нарушел и квалитетот на статистичките извештаи.

За нив ова е небулозно и бараат да се преиспита ваквата одлука.

- Advertisement -

„За какви рокови зборуваме кога земјите членки на ЕУ имаат подолги рокови. На пример, во Хрватска овој рок е до 31 март, во Германија до 30 јуни а во Франција и Шведска до 31 јули. Бараме и апелираме министерот за економија да ја преиспита својата одлука и да го исполни јавно даденото ветување дека ќе се најде решение за проблемот со кој имаат бенефит сите засегнати страни.“изјави Драган Митковски, претседател на Комора на сметководители.

Сметководителите повеќе пати алармираа дека короната дополнително им ја отежнала работата бидејќи има многу вработени кои се болни или во изолација. Потсетија дека со кратки рокови не може да се очекуваат ниту навремени ниту квалитетни извештаи.

- Advertisement -

„Има зголемени тарифи во Централниот регистар и ревизорски извештај кој што е задолжителен за поднесување на годишна сметка по рокот за поднесување. Тој ревизорски извештај за микро претпријатие е минимум 2000 евра,“вели Александра Андреева, Комора на сметководители.

Наместо до крајот на февруари, Комората на сметководители бара рокот за поднесување на документацијата да биде до 30 април во хартиена и 15 мај во електронска форма.

- Advertisement -

Фото – Stock Snap

Сподели!
- Advertisement -