Nokia и Vodafone претставија нов оптички интернет со брзина од 100 Gbps

- Advertisement -

Nokia и Vodafone завршија со тестирањето на нова широкопојасна технологија која овозможува неверојатна брзина на интернетот од 100 гигабита во секунда на една бранова должина. Тестирањето беше спроведено користејќи мрежа која постои меѓу провајдер на интернет услуги и корисниците, што значи дека ќе може да се пушти во комерцијална употреба.

Најголем дел од светот се уште има интернет брзина која се мери во мегабити во секунда. Ако сте среќни и живеете во еден од американските градови кои ја добија услугата Google Fiber, можеби имате брзина од 1 Gbps, додека во земјите како Јапонија и Нов Зеланд се нуди брзина до 10 Gbps.

- Advertisement -

Иако тие брзини би ги задоволиле нашите потреби извесно време, побарувачката постојано расте, па телеком компаниите веќе размислуваат што понатаму. Инфраструктурата која користи оптички кабли кои можат да пренесат до 25 Gbps е поблиску до комерцијална употреба, но сега Nokia и Vodafone покажаа дека тие оптички кабли може да се прилагодат да пренесуваат 100 Gbps.

Ова револуционерно откритие е постигнато со Passive Optical Network (PON), што е еден вид на мрежа која постои во последниот дел од мрежата меѓу провајдерот и крајниот корисник. Тимот успеал да испрати огромна количина податоци низ една бранова должина користејќи техники за процесирање на дигитален сигнал.

- Advertisement -

Другата техника се вика флексибилна стапка на трансмисија која групира модеми или оптички мрежни единици базирани на слични карактеристики како загуба или дисперзија. Така преносот на податоци е поефикасен и се намалува латенцијата и потрошувачката на енергија.

Тимот вели дека ова е прв пат да се користи флексибилна стапка на трансмисија на PON и покажува дека има многу простор за подобрување на технологијата која веќе се користи.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -