Во Шангај беше реализиран импресивен проект во кој е преместена цела зграда на основно училиште. Жителите на Шангај кои поминуваат низ округот Хуангпу во октомври минатата година можеа да посведочат на необична глетка – зграда висока пет ката која „оди“ по патот. Станува збор за основно училиште старо 85 години кое е преместено од тлото со помош на нова технологија наречена „машина за одење“.
Шангај се обидува да ги зачува историските градби, па затоа инженерите поставиле 200 такви машини под училиштето за да го преместат. Овој вид на потпора се однесува како роботски нозе, а машините се поделени во две групи кои ја подигаат и ја спуштаат зградата имитирајќи човечки од. Сензорите на машините биле задолжени за контрола на движењето.
Училиштето е изградено во 1935 година, а е преместено со цел да се направи место за нов комерцијален комплекс кој ќе биде завршен во 2023 година. Преместувањето на училиштето траело 18 дена, а зградата „одела“ 62 метри до новата локација. Проектот бил завршен на 15 октомври минатата година, а училиштето сега е центар за заштита на наследството и културна едукација.
(South China Morning Post)
(фото: YouTube screenshot)