Кина направи антена која ќе прима податоци од Марс

- Advertisement -

Кина ја направи најголемата антена во Азија, чија задача ќе биде да прима податоци од Марс. Станува збор за подвижна антена со дијаметар од 70 метри, која успешно ги помина оперативните проверки и сега е спремна да прима сигнали од Марс во рамките на мисијата Tianwen-1, а истоименото летало наредната недела ќе влезе во орбитата на Црвената планета.

Изградбата на огромниот радиотелескоп почнала во 2018 година во северниот кинески регион Тианџин, а завршена е наврема затоа што леталото се приближува до Марс. Новата антена има форма на чинија, а почна со работа вчера. Се состои од 1.328 панели. Иако е толку голема, сепак е за 30 метри помала од најголемата светска подвижна антена која се наоѓа во САД.

- Advertisement -

Кина досега користеше три антени со дијаметар од 35 до 50 метри во Пекинг и во Куминг, но тие не беа доволно моќни за да обезбедат квалитетен пренос на податоци од Марс, кој моментално е оддалечен 180 милиони км од Земјата.

Орбитата на Марс е оддалечена околу 400 милиони километри од Земјата кога двете планети ќе се најдат на спротивните страни на Сонцето. Сега Кина може да ги поврзе сите четири телескопи за да ја зголеми нивната моќност.

- Advertisement -

Леталото Tianwen-1 беше лансирано во јули минатата година, а во гравитационото поле на Марс стигнува на 10 февруари, кога ќе изврши маневар на кочење. Целта на Кинеската национална вселенска администрација е да го спушти орбитерот и роверот на повшрината на Марс, а ако слетувањето биде успешно, Кина ќе стане втората земја во светот, после САД, која успешно управува со ровер на Црвената планета.

Кинеските научници во текот на мисијата ќе бараат знаци на минат и сегашен живот на планетата, ќе го анализираат тлото и атмосферата и ќе ја мапираат површината.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -