Во последните години граѓаните на нашата држава не дишат чист воздух, тоа го покажува и извештајот за квалитет на воздух од 2019 година на Европската агенција за животна средина. Маглата во најзагадените градови, а кашлицата станува нормална, респираторните заболувања се нашата секојдневност, велат од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест од Скопје кој веќе 18 години активно работи да ги анимира сите засегнати страни во борбата за остварување на чист воздух.
– Преку нашите анализи ние активно бараме краткорочни и долгорочни мерки од државата кои ќе служат како мапа за тоа како треба да функционираме ние граѓаните на начин кој ќе го подобрува квалитетот на воздухот. Мора да тргнеме од себе, тоа е најважно. Државата е должна да го следи однесувањето и барањата на граѓаните и според тоа да поставува приоритети во нашите политики. Доколку ние почнеме да се стремиме да употребуваме претежно велосипед во нашето движење, самото однесување и тренд ќе побара од државата структура која ќе го поддржи тоа. Доколку ние ги исфрлиме од употреба пластичните пакувања, цевки и слично, индустријата ќе престане да ги произведува, затоа што нема да има потреба или профит од нив. Како граѓани ние ја имаме најголемата моќ во тоа како функционира државата, а заедничката цел која ја делиме е онаа на чист воздух за да живееме достоинствен живот, што значи дека ние мора да земеме активен учество и да воведеме нови навики, изјавуваат од Еко-Свест.
Тие истакнуваат дека во земјава со мали нови навики, ние можеме секојдневно да го подобруваме нашето здравје преку квалитетот на воздухот кој го дишеме, но и здравјето на нашата планета, а тоа значи дека потребно зголемување на свесноста на граѓаните за главните индикатори, последици по здравјето на човекот и животната средина, начин за подобрување и влијание на нивните секојдневни практики врз состојбата со амбиенталниот воздух. Преку нивните кампањи граѓаните се запознаваат со мали и поголеми промени кои може многу лесно да ги направат во нивниот секојдневен живот и со тоа да придонесат многу за состојбата на амбиенталниот воздух.
– Промената на нашето однесување не смее да е нагла и огромна, но може да почнеме од малите работи. Неколку денови во месецот може да употребиме велосипед за да се движиме, да не користиме автомобили во толкава мера. Многу градови во државава се мали и структурата не е наменета за автомобил, и затоа може да пешачиме 30 минути наместо да возиме 10 минути. Нашите пијалаци се исто вкусни и без цевка, а локалното е многу повкусно од увезеното. Наместо да купуваме шишиња со вода може да си понесеме едно реупотребливо, а исто важи и за термос – многу кафулиња имаат иницијатива да ви направат кафе во ваш термос наместо чаша за една употреба. Можеме да реупотребиме многу од нашите отпадоци, а со тоа да не користиме пластика. Овие се мали акти но за кратко време доколку се употребат од многу луѓе ќе значат многу за нашата животна средина, а најмногу за квалитетот на воздух кој го дишеме, додаваат од Еко-Свест.
Еко-Свет континуирано работи на подигнување на свесноста на граѓаните за аерозагадување. Во земјава е потребно зголемување на свесноста на граѓаните за главните индикатори, последици по здравјето на човекот и животната средина, начин за подобрување и влијание на нивните секојдневни практики врз состојбата со амбиенталниот воздух, а тоа се реализира преку проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животната средина, финансиран од Делегација на Европската Унија, велат од здружението.
Еко-Свест: Со мали нови навики можеме секојдневно да го подобруваме здравјето и квалитетот на воздухот кој го дишеме
- Advertisement -
- Advertisement -