Се проширува арсеналот со вакцини за борба против корона вирусот во светот. Србија сака до крајот на годината да почне со производство на руската вакцина, а одобрение за својата вакцина од американските регулаторни тела побара и компанијата Johnson & Johnson.
Вакцината на Johnson & Johnson во масовните клинички тестирања покажа ефикансост од околу 66%. Тоа е значително помалку од вакцината на Pfizer и Modernа, но производот на Johnson & Johnson има некои предности. На пример, од таа вакцина потребна е само една доза.
Исто така, за неа не се потребни ладни и сложени услови на складирање. Тоља се некои практични предности и се разбира нема доволно вакцини на Modernа и Pfizer, велат од Агенцијата за храна и лекови на САД .
Уште една предност е цената. САД веќе нарачаа стотина милиони дози по цена од 10 долари. Но, и понатаму останува прашањето за слабата ефикасност од 66%. Вакцините на Pfizer и Modernа се значително поскапи, но потребни се и две дози. Цената на Sputnik е помала од 10 долари. Унгарија идната недела би требало да стане првата европска земја која ќе почне да ја користи. А српскиот претседател Александар Вучиќ очекува дека до крајот на оваа година руската вакцина ќе почне да се произведува во Србија.
(Dnevnik.hr)
(фото: Wikimedia)