Американски научници развија алатка која ќе ни помогне да правиме нови вакцини за помалку од 1 минута

- Advertisement -

Во борбата со пандемијата на корона вирусот се што може да ни даде предност вреди да се разгледа. Американски научници сега тврдат дека имаат модел помогнат од вештачка интелигенција кој може да не држи чекор пред вирусот и да и помогне да развиваме вакцини за помалку од една минута.

Американски научници развија нова метода за борба против новите мутации на новиот корона вирус која би можела да го забрза развојот на вакцини. Користејќи вештачка интелигенција тим научници од Школата за инженерство Витерби на Универзитетот Јужна Калифорнија во САД разви метода која се фокусира на најдобрата потенцијална превентивна медицинска терапија.

- Advertisement -

Нивната метода лесно се прилагодива и за анализа на потенцијални мутации на новиот корона вирус, што би можело да осигура пронаоѓање на најдобрите можни вакцини и на луѓето да им даде предност пред предизвикувачот на пандемијата која постојано еволуира.

Оваа рамка на вештачка интелигенција кога ќе се примени на специфичностите на вирусот може да создаде кандидати за вакцини за само неколку секунди и брзо да ги префрли во фаза на клинички тестирања за да се постигне превентивна медицинска терапија без компромитирање на безбедноста.

- Advertisement -

(Eurek Alert)

Сподели!
- Advertisement -