Австрија: На потстрижување не може без негативен тест

- Advertisement -

Вчера во Австрија се отворија фризерските салони откако владата делумно го олесни третиот бран на заклучување, но предуслов за нова фризура е негативен тест за коронавирус.

По месец и половина се отворија и продавниците, музеите и училиштата. Студентите мора да бидат тестирани двапати неделно, ако сакаат да присуствуваат на настава.

- Advertisement -

Зголемена побарувачка за тестирање била видлива на пунктовите во Виена. Дури и неодамна отворениот центар за тестирање во познатата палата Шенбрун вовел нови паравани со цел да се ублажи навалицата.

Поздравувајќи ги првите клиенти по неколку недели, виенската фризерка Сузана Шрајбер изјавила: „Од една страна, ми олесни што може повторно да работам, но во исто време пречка се задолжителните тестови, што некои клиенти не ги прифаќаат добро“.

- Advertisement -

Поплаки од фризерите за новите правила се појавиле и во неколку австриски весници, со посебен осврт на тешкотиите за тестирање во руралните области.

(Denar.mk)

- Advertisement -

(фото: FreeIMG)

Сподели!
- Advertisement -