Податоците за кои кои се разликите меѓу вакцините против КОВИД-19 и колку која вакцина е ефикасна во одреднеи услови се пишува секојдневно последните месеци. Но, од купот информации и споредби тешко е да се процени која вакцина е најефикасна.
Инфектологот Моника Ганди од Универзитетот Калифорнија на својот профил на Twitter објави табела во која се наоѓаат пдоатоци за шесте најпознати вакцини против КОВИД-19 во светот. Како што признава самата, потрошила доста време за да ја направи таа табела.
Во табелата може да се пронајде кој механизам на делување користи секоја вакцина, во колкава доза се применува, на колку луѓе е тестирана, колкава е ефикасноста во однос на заштитата од хоспитализација и смрт, колку е ефикасна против развојот на потешка форма на болеста, а колку против поблага форма на болеста.
Како што вели самата Ганди, најбитна е колоната во која се наведува степенот на заштита од смрт, а кај сите шест вакцини е 100%.
(Zimo)
(фото: Pixy.org)