Кои се најомилените брендови за време на пандемија?

- Advertisement -

Почнувајќи одмарт оваа година, пандемијата на КОВИД-19 принуди милиони луѓе физички да се дистанцираат од другите, но благодарение на разни апликации, многумина се чувствува поблиску до своите сакани од кога било досега.

Кога станува збор за брендовите, потрошувачите создадоа нови врски со нив во последните месеци, а истражувањето спроведено од страна на агенцијата MBLM покажува дека дури 23 проценти од испитаниците изразиле емоционална поврзаност со некои брендови. Истражувањето наречено „Brand Intimacy“ покажа до кој степен потрошувачите се емоционално поврзани со брендовите што ги користат и какви придобивки можат да имаат самите брендови од тоа.

- Advertisement -

Брендовите кои негуваат емоционални врски со своите купувачи имаат тенденција да ги надминат водечките компании наведени на S&P 500 и Fortune 500 и по приходите и по профитот. И не само тоа, тие исто така можат да создадат повисоко ниво на доверба, што со текот на времето создава полојална база на потрошувачи.

Како што беснее глобалната пандемија, оваа идеја станува порелевантна од кога било досега. Потрошувачите се` повеќе го користат времето за продлабочување на односите со брендовите, но кој успеа да ги освои нивните срца?

- Advertisement -

Apple е прогласен за најомилен бренд за време на КОВИД-19, искачувајќи се од третото место пред пандемијата. Иако технолошкиот гигант ги надмина Disney и Amazon, неговиот успех во голема мера може да се припише на жените и милениумците, додека Amazon е прогласен за најомилен бренд за машките потрошувачи.

Кога треба да им се обезбеди на потрошувачите она што го сакаат, Apple гледа три најважни работи кои мора да ги понуди. Како прво, брендот мора да ги надмине очекувањата и да обезбеди врвна услуга, квалитет и ефикасност. Потоа, мора да го подобри купувачот правејќи го попаметен, поспособен или поповрзан. Третото нешто што се наведува е ритуалот, што значи дека брендот е важен дел од секојдневниот живот на потрошувачот.

- Advertisement -

Исто така, вреди да се напомене дека потрошувачите ја зголемија употребата на виртуелните брендови како што е, на пример, апликацијата за разговори Zoom, која забележа најголем раст на употребата во овој период.

Извор – www.marketing365.mk

Сподели!
- Advertisement -