Сиот корона вирус кој моментално кружи во светот лесно ќе го собере во една лименка Coca-Colа, пресмета британски математичар, кој покажа колкав проблем може да предизвика нешто толку малечко. Комбинирајќи ги податоците од светот за бројот на новозаразени и проценките на количината на вирусот по човек, матерматичар од Универзитетот Бат заклучи дека во светот има околу 2 квинтилиони честички на корона вирусот, односно околу 2 милијарди милијарди.
Пресметувајќи ја големината на корина вирусот, просечно околу 100 нанометри, математичарот Кит Јејтс го пресметал вкупниот волумен на вирусот. Дури и кога ќе се земат предвид шилестите протеини на вирусот и фактот дека неговата тркалезна форма остава простор меѓу честичките, вкупниот волумен и понатаму е помал од една лименка од 300мл Coca-Colа.
Неверојатно е која се размислува дека сите проблеми, хаосот, тешкотииите и губењети живот во изминатите година и половина е резултат на нешто што го собира во две голтки Coca-Cola, соопшти Јејтс.
За потсетување, во декември минатата година со истиот проблем се занимаваше австралиски математичар, кој пресмета дека вкупниот волумен на корона вирусот во тој момент бил една малечка лажица.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)