Компанијата G&O Waste Solution рециклира пластика и ја извезува надвор од државата

- Advertisement -

По невистините и неточни наводи дадени во изјавата од градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков и официјалното соопштение од Општина Гевгелија, би сакале да ја информираме јавноста дека нашата компанија G&O Waste Solution ДООЕЛ Скопје не третира отпад, туку работи на рециклирање пластика којашто понатаму се извезува надвор од Македонија.

Ние сме транспарентна компанија и секој кој сака да се информира за што работиме слободно може да се обрати и ќе добие одговор во секое време како и да нè посети за лично да го види процесот на рециклирање пластика во нашите простории во Гевгелија. Кај нас не се произведува РДФ отпад, туку се рециклира пластика и се носи надвор од државата. Неумесно е да се даваат квалификации со претходни случаи.

- Advertisement -

Отворањето на центарот за рециклирање е направен со сите можни инспекции и поминати се сите можни процедури, а притоа е добиено и позитивно мислење и лиценца од Министерството за животна средина, без кои не би можеле да ја извршуваме функцијата. Досега имавме два пати редовна проверка од инспекторатот од Министерството за животна средина, според кои нема неправилности во работењето на компанијата.

Целиот процес на рециклирање пластика е еколошки и чист, ние не ја гориме пластиката и не користиме вода во нашиот процес. Исто така, нема никакви емисии во воздухот, не ја загадува животната средина, ниту има негативно влијание врз здравјето на луѓето. Секое спротивно јавно соопштение е манипулација со јавноста и понатамошно ширење паника меѓу населението.

- Advertisement -

Го покануваме лично градоначалникот да нè посети и да се увери во процесот на рециклирање. Ќе биде детално информиран за нашата работа и тоа какви се нашите намери. Во моментов вработуваме 30тина лица од Гевгелија, а со општината сакаме да изработиме заеднички проект за рециклирање за да ја собереме цела пластика од градот.

Сподели!
- Advertisement -