Фотографија на НАСА откри „реки од злато“ во дел од амазонската прашума

- Advertisement -

Дел од прашумите на Амазон во Перу сјаат како злато на фотографија која ја снимија астронаути на Меѓународната вселенска станица. Фотографијата, всушност, открива рефлексија на сончевата светлина од јами полни со матна вода, но во нив има и злато затоа што во секоја од нив локалното население ја проверува калта во потрага по парчиња злато, пишува на страниците на NASA Earth Observatory.

Тие јами веројатно ги ископале независни рудари во потрага по злато. Секоја јама е опкружена со девегетирани подрачја со кал. Тие делови без шума ги следат тековите на прастари реки кои нанеле многу седименти, вклучувајќи и седименти на злато, појаснуваат научници од Државниот универзитет во Тексас.

- Advertisement -

На фотографијата се гледа дел од амазонската прашума во перуанската покраина Мадре де Диос (Мајка божја), а токму таму се наоѓа една од најголемите независни индустрии за рударење злато во светот. Таму илеаглно работат околу 30.000 ситни рудари, истовремено уништувајќи ја прашумата во потрага за неколку грама од најскапоцениот од металите.

Додека тоа можеби некој ќе мисли дека тоа е можност за заработка за локалното сиромашно насеение, за амазонската прашума тоа има погубно влијание. Студијата објавена во 2011 година заклучи дека рударењето злато во тој регион е најголемата причина за исчезнувањето на шрашумите.

- Advertisement -

Но, потенцијалните проблеми не застануваат тука. Тие илегални рудари всушност го ставаат во опасност локалното население. Но, потенцијалните проблеми не престануваат тука – тие ги мешаат седиментите со провриена жива за да го одвојат златото од другите минерали. Како последица на тоа неверојатни 55 тони жива годишно завршуваат во локалните реки и во атмосферата, а локалното население кое јаде риба од реките има дури трипати поголеми шанси да умре од труење со жива, покажува студија од 2012 година.

(Live Science/Zimo)

- Advertisement -

фото: Earthobervatory screensot

Сподели!
- Advertisement -