Биткоинот достигна вредност од 50.000 американски долари

- Advertisement -

Биткоинот за првпат ја премина цената од 50.000 американски долари, но тоа траеше кратко, па падна под оваа граница и вредеше 49.235 долари.

Биткоинот доби поттик по веста дека големите компании „Тесла”, „Мастеркард” и „БНИ Мелон” инвестираат значителни средства во криптовалути.

Минатиот понеделник, компанијата на Елон Маск, „Тесла” соопшти дека купила 1,5 милијарди долари биткоин како дел од новата стратегија за инвестиции и наскоро ќе го прифати како начин на плаќање за нејзините автомобили.

Аналитичарите предвидуваат бавен развој кон широко распространета употреба на биткоинот за плаќање стоки и услуги. Неодамнешна студија на Дојче банк покажува дека инвеститорите сметаат дека биткоинот е најекстремниот балон на финансиските пазари. 

Сподели!
- Advertisement -