Историскиот споменик Стоунхенџ бил изграден на друго место, па преместен

- Advertisement -

Пет илјади години откако бил играден Стоунхенџ археолози конечно докажаа од каде потекнуваат камењата од кои е изграден историскиот британски споменик и како биле ископани. Во 2019 година истражувачи открија дека камењата потекнуваат од градот Пресели Хилс во западниот дел на Велс, што значи дека 43 џиновски камења биле пренесени на растојание од околу 250 километри.

Сега археолозите тврдат дека некои од камењата претходно формирале друг круг во близина на местото од каде што биле ископани, односно таа градба била растурена, па бил изграден Стоунхенџ.

- Advertisement -

Идентичните дијаметри од 11 метри на кругот од камен, некогаш познат и како Ваун Мон, и блискиот канал околу Стоунхенџ укажуваат на тоа дека барем дел од кругот е донесен од оригиналната локација во Велс до Салисбури Плеин, покажува најновото истражување објавено во весникот Antiquity.

Освен тоа, и два камени круга се порамнети со изгрејсонцето на летната рамнодевница, а еден од камењата на Стоунхенџ има необична ознака која се совпаќа со дупките кои се останати во Ваун Мон. Остатоците од камен во тие дупки се од истиот камен од кој е направен Стоунхенџ.

- Advertisement -

Денес во Стоунхенџ има 43 камења, а голем дел се затрупани под земја. Овие камења се смета дека се првите кои се издигнале на Стоунхенџ пред 5.000 години, векови пред да бидат донесени другите поголеми камења од оддалеченост од околу 25 км.

Истражувачкиот проект кај Стоунхенџ го предводи Мајк Паркер Пирсон, професор на Универзитетскио колеџ Лондон.

(CNN)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -