Јапонски научници открија потенцијален лек за ќелавоста

- Advertisement -

Опаѓањето на косата е природен процес. Откако влакното ќе достигне одредена старост, паѓа и го заменува ново влакно. Така барем би требало да функционира процесот. Но, кога нешто ќе се поремети, доаѓа до трајно губење на влакната, најчесто косата.

Милиони луѓе ширум светот, најголем дел мажи, имаат проблеми со губење на косата. Некои забележуваат проретчување уште во раните 20-ти години, а истражувањата покажуваат дека до 50-тата година речиси 85% од мажите забележуваат значително проретчување на косата. И некои жени имаат проблем со губење на косата, делумно поради хормонален дисбаланс или поради генетика.

- Advertisement -

Иако губењето на косата не влијае на здравствената состојба на луѓето, може да биде индикатор за одредени болести или пак реакција на стрес и на условите за живот. Сепак, и покрај сето тоа, губењето на косата има најмногу психолошки последици.

Низ годините беа развиени низа терапии кои треба да го стопираат опаѓањето и да поттикнат раст на нова коса, меѓутоа досега не е откриена терапија која може ефективно да го стопира опаѓањето и да го обнови нејзиниот раст.

- Advertisement -

Барем досега. Тим од научници од Јапонија се на добар пат да го решат тој проблем и повторно да поттикнат раст на косата со помош на матични клетки. Поточно, користат матични клетки за да создадат фоликули кои се обновуваат откако ќе падне косата.

Јапонските научници од RIKEN центарот за истражување на биосистемската динамика во своето истражување кое беше објавено во списанието Nature Scientific Reports детално опишуваат како со помош на матични клетки поттикнале раст на нови влакна добиени од клетки на крзно и на мустаќи на глувци. Во текот на лабораториските истражувања откриле дека еден пар колаген во комбинација со пет фактори доведуваат до најголем раст на матични клетки во најкраток можен рок.

- Advertisement -

Нашиот систем на одгледување се базира на методата цикличка регенерација на фоликули на влакна од матични клетки и ќе помогне да се направи терапија за регенерација на фоликулите на влакната во блиска иднина, вели водителот на истражувањето, Такаши Цуџи.

Но,, пред терапијата за стане комерцијално достапна мора да помине низ клинички испитувања. Научниците од RIKEN моментално се во потрага по соработници кои оваа технологија за регенерација на влакната, односно косата ќе ја прилагодат за клиничка примена. Проблемот со ќелавоста можеби нема да се реши веднаш, но научниците се на добар пат тоа да се случи во иднина.

(Zimo)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -