Ова се 10 земји со најголеми резерви на злато и девизи

- Advertisement -

Најголеми резерви на злато и девизи во светот има Кина, во вредност од 3,371 трилиони долари, покажуваат објавените податоци од националните централни банки за мај годинава.

Според истражувањето на агенцијата RIA News, на второ место е Јапонија со 1,254 трилиони долари, а на трето место е Швајцарија со 886 милијарди долари.

- Advertisement -

Индија во мај го зазела четвртото место со резерви во вредност од 590,7 милијарди долари, со што ја престигна Русија, која во однос на минатогодишното истражување изгубила 11,6 милијарди и паднала на 584,2 милијарди долари вредни резерви.

Во елитните 10 спаѓаат ид Саудиска Арабија со 442,2 милијарди долари, Хонгконг со 421 милијарди долари, Јужн Кореја со 420,9 милијарди долари, Бразил 343,5 милијарди долари и Сингапур 325,7 милијарди долари. Германија се наоѓа на 11. место, а САД се на 12. место.

- Advertisement -

(B92)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -