Coca-Cola ќе тестира хартиено шише на лимитирана серија пијалаци

- Advertisement -

Coca-Cola најави дека ќе тестира хартиено шише на лимитирана серија од 2.000 пијалаци подоцна годинава. Тестирањето на растителниот пијалак AdeZ ќе се спроведе во Унгарија подоцна годинава преку трговецот Kifli.hu.

Продажбата на пијалаци во хартиена амбалажа почнало уште во 1915 година, кога прв пат се продавало млеко во картонски шишиња. Сепак, тие хартиени шишиња не се погодни за секаков пијалак, особено не за газираните пијалаци, на кои им треба нешто поцврсто. Сепак, хартиените шишиња се поатрактивни од еколошка гледна точка затоа што се биоразградливи и релативно лесно се рециклираат.

- Advertisement -

Во 2020 година одделот за истражување и развој на Coca-Cola во Брисел, заедно со данскиот стартап Paper Bottle Company (Paboco) и во соработка со Carlsberg, L’Oréal и The Absolut Company, создадоа шише составено од надворешна хартиена школка обложена со биолошка пластика, од која исто така е направено и капачето.

Од Coca-Cola потенцираат дека шишето уште се развива и се тестираат перформансите, издржливоста и способноста да се заштити тешноста во него. Компанијата сака да го тестира кај консументи со цел да утврди како реагира во реалниот свет и да ја види реакцијата на луѓето.

- Advertisement -

Крајната цел на најпознатата компанија за пијалаци во светот е да се произведе шише кое ќе може да се рециклира 100% и ќе може да се полни со течности, јаглерод диоксид и кислород. Идеално, шишето би било направено целосно од рециклирани материјали и ќе може и самото да се рециклира како хартија.

Од видеото подолу можете да видите како изгледа хартиеното шише.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -