SpaceX испрати уште 60 сателити во вселената

- Advertisement -

Во понеделникот SpaceX успешно лансираше уште 60 Starlink сателити за интернет од Кејп Канаверал, Флорида. internet satellites from Cape Canaveral Space Force Station in Florida. SpaceX ја искористи својата ракета Falcon 9 за ова лансирање.

Тоа лансирање беше првото од двете планирани за неделава со цел да се испратат сателити во орбитата на Земјата. Наредните сателити треба да бидат испратени денес со друга ракета Falcon 9. Оваа неделна мисија го носи називот Starlink 19. SpaceX веќе испрати други сателити Starlink во орбитата на 4 февруари годинава.

- Advertisement -

Првичниот план бил да се испратат две тури на сателити на растојание од само неколку часа, нешто што не е постигнато од 1966 година, кога имало две лансирања во еден ист ден.

SpaceX планира годинава да испрати повеќе сателити отколку минатата година, кога успешно беа исптаени 26 мисии со сателити. Годинава компанијата има за цел да испрати најмалку 40 такви мисии.

- Advertisement -

После последното лансирање во орбитата на Земјата сега има над 1.000 Starlink сателити за интернет. Планирано е првата констелација на Starlink сателити да биде составена од 1.440 сателити, а потоа ќе бидат испратени уште илјадници сателити. Планот на Илон Маск е да ја покрие целата Земја со интернет, дури и најизолираните региони каде што сега нема интернет.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -