Грета Тунберг објави сатирична реклама за Марс за најбогатите 1% во светот

- Advertisement -

Шведската активистка за климатските промениГрета Тунберг објави видео за климатските промени со главен фокус на планетата Марс, каде што треба да слета роверот на НАСА, Perseverence.

Сатиричното видео за Црвената планета е наменето за најбогатите 1% на планетата. Таа видеото го објави во рамките на кампањата за климатски промени Fridays For Future (FFF), а портпаролот на кампањата ја објасни целта на видеото.

- Advertisement -

„Сакавме да ставиме акцент на чистата глупост“ изјави тој.

Во видеото нараторот става акцент на недопрената природа и на ултимативната слобода која може да ја искуси човекот, без стресот предизвикан од климатските промени.

- Advertisement -

Вселенската програма која ја финансираат владите и најбогатите луѓе во светот ласерски е насочена на Марс, но сепак, најголем дел од луѓето никогаш нема да имаат прилика да го посетат Марс.

Името на видеото е „1%”, а Тунберг сугерира што се мисли под ултимативна слобода кога се зборува за Марс – дека тие што ќе избегаат таму од Земјата нема да мора да живеат под притисокот од климатските промени и правила кои ги воспоставуваат државите на Земјата за да се борат со тој проблем.

- Advertisement -

Идејата на тоа видео е да се нагласи дека ултрабогатите 1% гледаат на Марс како на ново место за живот кога Земјата повеќе нема да биде погодна, а во меѓувреме останатите 99% од човештвото ќе останат препуштени на решавање на последиците од климатските промени.

„Што се однесува на нас, тие 99% кои ќе останеме на Земјата, подобро е да ги поправиме климатските промени“ е последната реченица изговорена во видеото.

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -