Нови соларни панели се потенки од човечко влакно

- Advertisement -

Соларните ќелии кои се користат сега постјат веќе 70 години и нивниот основен дизајн е истиот цело време. Сепак, ефикасноста на панелите значително е зголемена низ годините, а со појавата на нанотехнологијата научниците работат на тоа уште повеќе да го подобрат дизајнот и способностите на соларните ќелии.

Научници од универзитетот МИТ создадоа ултратенок материјал за соларни панели кој може да ја револуционизира индустријата за чиста енергија. Она што е посебно кај овој материјал е способноста на овој материјал секоја површина да ја претвори во извор на енергија.

- Advertisement -

Тимот работел на оваа технологија неколку годин и се обидувале да најдат најсодветен материјал и така дошле до овој уникатен начин на производств на соларни панеи. Тие користеле електронско мастило за печатење, а техниката е слична како печатењето дизајни на маички.

Најпрвин испечатиле електроди на тенко парче пластика. Потоа таа пластика ја залепиле за материјал наречен „дајнима“ (Dyneema). Крајниот чекор бил да се оодлепи материјалот, на кој се залепени електродите. Овој материјал е посебно избран зашто често се користи за производство на панцири затоа што соларните панели добиени на овој начин се 100 пати полесн од традиционалните, а произведуваат 18 пати повеќе енергија по килограм и може да се постави на секаква рамна површина (метална или пластична).

- Advertisement -

Додека традиционалните соларни панели имаат потреба од директна светлина за да генерираат енергија и ефикасноста им се намалува ако се најдат во сенка, новиот тип на панели кој го развива компанијата GreenЅun Energy од Тел Авив можат да генерираат енергија од дифузирана светлина благодарение на специјалниот обоен панел.

Овие нови соларни панели исто така користат 80% помалку силикон отколку традиционалните. Досега GreenSun има достигнато 12% стапка на ефикаснсот и можат да ги произведуваат по цена од 2,10 долари за ват, што е долично споредено со традиционалните – 4,54 долари за ват.

- Advertisement -

GreenSun се уште работи на зголемување на ефикасноста на нивните панели затоа што 12% е одлично, но не е споредливо до 43% ефикасност на трацидионалните панели. Нивната студија е објавена во весникот Small Methods.

(Inhabitat)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -