ВИДЕО: Детали за слетувањето на роверот Perseverance на Марс

- Advertisement -

После патувањето долго 470 милиони километри за што му требаат седум месеци, најголемиот, најбрзиот и најмоќниот ровер на НАСА досега, наречен Perseverance (Истрајност), слета на Црвената планета. Слетувањето на Роверот на Марс претставува најнов и најамбициозен напор на НАСА да пронајде докази за живот на Марс. Целиот проект вреди околу 2,7 милијарди долари, а слетувањето и управувањето со роверот чини околу 300 милиони долари.

Иако изгледа далеку, Црвената планета веќе е на дофат на роверот Perseverance.

- Advertisement -

„Најголемиот предизвик е влегувањето во атмосферата на Марс, која има само 1% од Земјината густина. Тоа е таман за загревање при слетување, но недоволно за да не забави. Кога ќе удриме во атмосферата со брзина од 20.000 км/ч ќе ни бидат потребни 7 минути за да слетаме“ вели Лори Глејз, една од главните луѓе на оваа мисија.

Роверот слета во кратерот Езеро, односно базен широк 45 км на северната полутопка на Марс. Научниците веруваат дека пред 3,5 милијарди години во кратерот се влевала река, која формирала езери и создавала талог во делтата во облик на лепеза.

- Advertisement -

„Оваа мисија е фасцинантна. Истражувањето ќе се занимава со можноста за живот на Црвената планета и она што ја прави најрелевантна и најбитна досега е тоа што треба да резултира со враќање на Марс“ велат од НАСА.

Perseverance тргна на пат во јули минатата година и е најголемото возило испратено на Марс. Тежи 1 тон, има роботска рака од 2 метри, 19 камери и два микрофони. Ако се врати недопрен на Земјата, ќе биде петтиот ровер кој успешно го завршил патувањето од Земјата до Марс.

- Advertisement -

Роверот ќе собира до 30 примероци од карпите и од почвата. Научниците не очекуваат да пронајдат фосилни заби, коски, туку органски молекули и други знаци на на микробиолошки живот. Велат и дека научниците кои ќе ги анализираат тие примероци сега се уште во основно училиште затоа што планирано е примероците да бидат вратени на Земјата во мисија во 2030 година.

(N1)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -