Откриен наноматеријал кој ќе ги направи маските уште поефикасни против корона вирусот

- Advertisement -

Тим од научници од Шпанското национално истражувачко собрание (CSIC) успеа да направи наноматеријал способен да го елиминира новиот корона вирус со поставување на заштитни маски, ткаенини, рачки и кваки на врати. Новиот наноматеријал се состои од наночестички на бакар кои спречуваат протеините на САРС-КоВ-2 вирусот да се шират и да се размножуваат.

Новиот материјал веќе е заштитен со патент, а ќе може да се користи како премаз на заштитните маски, во заштитната облека за болничка употреба и како премаз за контактни површини како кваки или на површини во јавниот превоз, велат од CSIC.

- Advertisement -

Шпанските научници моментално проучуваат начини за индустриско производство на тој материјал и да го пласираат на пазарот. Таа нова технологија се состои од наночестички кои реагираат со протеините на новиот корона вирус, ги менуваат преку механизмот на оксидација и да ја блокираат нивната способност за влез во човечки клетки, додаваат од CSIC.

Новиот материјал многу е ефикасен во спречувањето на фунцкионалните протеини на САРС-Ков-2 вирусот, посебно 3CLpro протеазата (учествува во процесот на размножување на вирусот) и шилестите протеини (овозможува влез на вирусот во човечките клетки). Наноматеријалот е составен од честички на бакар со само една состојба на оксидација. Според тврдењата на шпанските научници, тоа на материјалот му овозможува поголема биолошка активност, која досега не е забележана кај други материјали.

- Advertisement -

Материјалот е веќе тестиран како премаз за хируршки заштитни маски направени од полипропилен или памук. Тоа е многу битно со оглед на тоа дека ќе овозможи создавање на поефикасни маски со директна деактивација на САРС-КоВ-2 вирусот, како и спречување на пренос преку механички препреки (филтри) и да овозможи заштита на текстил за болничка употреба, велат шпанските научници. Новиот материјал успешно е тестиран и на метални површини (челик и железо).

(Nano Magazine)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -