Индиските медиуми денес објавија дека Индискиот институт за медицински науки (AIIMS) вчера открил нови видови на КОВИД-19 низ Индија, односно откриени се 240 нови мутации на корона вирусот. Индиските здравствени власти предупредуваат дека некои од тие варијанти се потенцијално позаразни и можат целосно да го избегнат имунолошкиот одговор на телото.
Ова доаѓа откако Светската здравствена ирганизација одобри две верзии на вакцината на AstraZeneca и Универзитетот Оксфорд за итна употреба. Вакцините ќе се дистрибуираат глобално преку механизмот COVAX.
Новите варијанти на КОВИД-19 веројатно се причина за појавата на повеќе нови случаи на заразени во неколку индиски држави, меѓу кои Махараштра, втора најнаселена држава во Индија, каде што сенаоѓа и градот Мумбаи.
Директорот на Индискиот институт за медицински науки, Рандип Гулерија, предупреди и дека некои од новите варијанти може лесно да се пренесуваат или потенцијално да бидат поопасни затоа што поседуваат т.н. механизам за бегство, кој потенцијално може да предизвика повторна инфекција.
Неколку окрузи во земјата почнувајќи од денес треба да воведат построг карантин.
(The Citizen)
(фото: Pxhere)