Наместо под стечај, фирмите со долгови ќе одат во инсолвентност и сами ќе ги решаваат финансиските проблеми

- Advertisement -

Министерството за економија спрема Закон за инсолвентност. Известувањето веќе е закачено на Електронскиот национален регистар на прописи ЕНЕР на кој забелешки и сугестии се примаат до крајот на април. Тој би бил некој модифициран Закон за стечај, со кој фирмите кои ќе проценат дека имаат потешкотии со плаќањата ќе пријават до судот и ќе имаат два начинми како да се реорганизираат. Првиот ќе значи да преземат чекори во рана фаза додека не заглавиле со уште поголеми долгови и да се договорат со доверителите. Вториот начин пак е еден вид предстечај или треба до судот да достават план за реорганизација на компанијата и обврските. Двата начина на спасување на компаниите и утврдувањето дали им претстои инсолвентност се под надзор на судот.

Од Министерството за економија изјавија дека се работи за еден нов пристап на сфаќањето на стечајот.

- Advertisement -

„До сега под овој поим се сфаќаше само ликвидација на должниците кои се инсолвентни и продажба на нивниот имот. Со предлог законот е во фокусот разрешувањето на финансиските потешкотии на друштвата со можност самите да поведат две постапки за разрешување на финансиските потешкотии кои им престојат. Така постапката за финансиско преструктуирање е можност за разрешување на инсолвентноста која им престои во многу рана фаза со постигнување на договор со доверителите. Втората постапка е предстечајна реорганизија со предложен план за реорганизација. И двете постапки се под надзор на судот кој покрај другите услови треба да утврди дали на друштвата им престои инсолвентност. Со други зборови проценката на идната инсолвентност ја прават самите друштва кои треба да поднесат предлог за спроведување на овие постапки“, велат од Министерството за економија.

Од ресорот велат дека концепциски гледано во фокусот на предложениот закон влегуваат сите правни лица кои вршат одредена дејност и трговците поединци кои ќе паднат во финансиски потешкотии од било кои причини.

- Advertisement -

Со законот се предвидува дека друштвата кои поднеле предлог за поведување на овие постапки за разрешување на инсолвентноста во рана фаза остануваат да управуваат со друштвата и да го водат бизнисот и да се надминат финансиските потешкотии. Со други зборови продолжуваат со работењето со цел да ги намират побарувањата на доверителите. Во отворената стечајна постапка исто така постои можност за реорганизација на стечајниот должник меѓутоа само по предлог на стечајниот управник и доверителот/лице со цел побарувањата на доверитерите во стечајната постапка да се намират во повисок процент од оној кој би го добиле во споредба со впаричување на имотот. Спроведувањето на стечајната реорганизација исто така значи можност за спасување на бизнисот на стечајниот должник. Во стечајната постапка и понатаму се предвидува да настапат правните последици во полн капацитет со тоа што стечајниот управник го презема управувањето со стечајната постапка и имотот на стечајниот должник”, објаснуваат од министерството.

Од таму потенцираат дека новиот Закон за инсолвентност е многу комплексен. Па така, како што Законот за трговски друштва го уредува влезот на пазарот, така овој закон ќе го регулира излезот од пазарот кои се клучни сегменти за економијата на една држава.

- Advertisement -

„Законот за инсолвентност ќе апсолвира дел од Законот за вонсудско спогодување, кој ќе престане да важи со донесувањето на новиот Закон за инсолвентност. Исто така, овој закон посредно уредува области за текот на стечајни постапки од аспект на повеќе закони од сферата на финансиите. Со оглед на обемноста, имплементацијата на Директива од 2017 и 2019 година, ставање акцент на реструктируање на претпријатијата, проценето е дека во моментов е најважно донесувањето на овој закон, а откако ќе започне да се применува и да се добиваат редовни, ажурирани податоци од стечајните одделенија во основните судови како и од стечајните управници и Централниот регистар, како следна фаза на уредување би бил личниот стечај“, објаснуваат од Министерството.

Законот е изработен со помош на IFC (групација на Светска банка). Според објаснувањето на ЕНЕР пак со изготвување на Законот за инсолвентност ќе се овозможи заштита на инвеститорите и нивните бизниси, пофлексибилна и поедноставна постапка за малите бизниси, појаснување на условите за учество на доверителите во стечајните постапки. Исто така се предвидуваат одредби за навремено реструктуирање на претпријатија со потешкотии со цел должникот да преговара за опциите за намирување на долгот со своите доверители.

„Воедно се врши и усогласување со Директивата 2019/1023 на Европскиот Парламент и Советот од 20.06.2019 година, за рамката за превентивно преструктуирање, за ослободување од долгот и дисквалификациите и за мерките за зголемување на ефикасноста на постапките во врска со преструктуирањето, инсолвентноста и ослободување од долгот и – Измени и дополнувања на Директивата ЕУ 2017/1132 (Директива за преструктуирање и инсолвентност)“- стои на ЕНЕР.

Целта пак на предлог законот е да се воспостави солиден и ефикасен систем на инсолвентност, преку подобрување на регулаторната рамка за инсолвентност, особено да се поттикнат претпријатијата со потешкотии да се обидат да преговараат за привремено ослободување на долговите и да ги договараат условите за подмирување на долгот надвор од судот преку соодветен механизам за инсолвентност.

(Denar.mk)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -