Последен ден за пријавување за конференцијата за иновации и технологија Next Generation на Seavus

- Advertisement -

Утре, 12 мај, во Мала станица од 10 до 17 часот ќе се одржи третото издание на конференцијата Next Generation во организација на Seavus. Конференцијата Next Generation ќе собере на една локација професионалци кои ќе го споделат своето искуство и експертиза.

На првата конференција пред три години фокусот беше на новитетите во мрежните технологии и телекомуникацискиот сектор. Лани второто издание беше посветено на сите футуристи, иноватори и стартапи во Македонија. Годинава конференцијата ќе биде посветена на кодирањето: Keen on Code, односно на сите кои имаат интерес за технологија.

- Advertisement -

За овогодинешната конференцијата се планирани три панел дискусии и тоа:

  • .Net / DB / QA stage
  • Java / FrontEnd stage
  • Tech Trends stage

На панел дискусиите ќе се обратат вкупно 17 говорници, а се очекуваат околу 400 присутни. Целосната листа на говорници и агендата за настанот проверете ја на овој линк.

- Advertisement -

Учеството е бесплатно, а за да присуствувате потребно е да се регистрирате на следниов линк.

 

Сподели!
- Advertisement -