Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,28% во однос на Одлуката од 15.2.2021 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.02.2021 година. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,417 ден/кг и сега ќе изнесува 34,759 ден/кг.
Од 23.2.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 64,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 66,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 55,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 44,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,759 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,468%, дизелот за 2,983%, екстра лесното масло за 3,177 % и кај мазутот за 1,94 %. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,23%. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.2.2021 година.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 15.2.2021), се дадени во следната табела:
(фото: Freepik)