Агенцијата за храна и лекови на САД ќе одобри вакцина која се дава во само една доза

- Advertisement -

Вакцината на американската компанија Johnson & Johnson се покажа безбедна и ефикасна на клиничките тестирања, објави американската Агенција за храна и лекови.

Кон крајот на идната недела треба да се состанат независни експерти кои треба да одлучат дали вакцината ќе биде одобрена или не. Иако Агенцијата не мора да ја прифати нивната одлука, досега се покажа дека сепак се цени нивното мислење и се постапува по него.

- Advertisement -

Минатиот месец J&J објави дека нивната вакцина, која се применува во само една доза, има 66% ефикасност во спречувањето на развојот на умерени и сериозни форми на болеста, а 85% ефикасност во спречувањето на хоспитализација и 100% ефикасност во спречувањето на смртта од КОВИД-19. Но, треба да напоменеме дека резултатите се разликувале во зависност од регионот каде што било спроведено истражувањето. Така, ефикасноста била 72% во САД, во Латинска Америка била 6‚%, а во Јужна Африка 57%.

Од Агенцијата истакнуваат дека вакцината се покажала ефикасна и во намалувањето на ризикот од развојот на болеста КОВИД-19 веќе 14 дена после вакцинирањето. Од J&J се надеваат на брзо одобрување и почеток на производството и дистрибуцијата на вакцината, од која САД веќе нарачаа 100 милиони дози со рок на испорака до јули.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -