А1 Македонија со големо задоволство ја најавува најновата промоција креирана да одговори на корисничките потреби на целото семејство, деловните субјекти и физички лица и воведува можност за зголемено количество мобилен интернет и зголемен попуст за нови смарт телефони и дигитални уреди кои го прават секојдневието многу поедноставно.
Од денеска, во портфолиото на А1 Македонија, како дел од понудата во А1 Combo, достапна е најновата промоција со која постоечките и нови корисници на пакетот А1 Net M+ TV M со две мобилни линии A1 Neo M+, добиваат супербрз интернет, ТВ со најквалитетна слика на пазарот, вклучени Арена Спорт канали и до 20.000 денари попуст за било кој тип нов уред што ќе го изберат од богатата понуда на А1.
„Новите дигитални алатки овозможуваат сè поинтересни начини да останеме поврзани со најблиските. Инспирирани од потребите на корисниците да ги истражуваат новите можности и да го исполнат секојдневието со повеќе забавни содржини, креиравме специјална промоција со која добиваат многу повеќе интернет и голем попуст за смартфон или телевизор по избор. Конвергентната понуда останува во главен фокус: корисниците кои ги користат сите телекомуникациски услуги во А1 секогаш добиваат најмногу вредност со најатрактивни цени и релевантни содржини прилагодени на нивните потреби”, изјави Елена Панова, Директорка на продажба и маркетинг за приватни корисници од А1 Македонија.
Со најновата промоција на А1, корисниците на мобилната телефонија кои ќе склучат нов договор или ќе направат обнова на тарифниот модел А1 Neo M+ добиваат 30GB мобилен интернет како и можност да изберат нов смарт телефон по најповолни цени, а дополнително, ја добиваат и опцијата за замена на неискористените гигабајти сочувани во А1 Net Sef за други услуги.
Со оваа најнова промоција, А1 Македонија ја потврдува својата заложба за креирање производи и услуги кои придонесуваат за поедноставна и богата комуникација и премиум корисничко искуство.
Повеќе детали за понудата можете да најдете на www.A1.mk.