НАСА во средата објави спректакуларна панорамска фотографија од Марс која ја направи роверот Perseverance на подрачјето каде што роботското возило слета минатата недела.
Фотoграфијата која е составена од неколку снимки кои ги направи возилото го покажува работ на кратерот Езеро, каде што научниците мислат дека имало длабоко езеро во кое се влевала река пред 3,5 милијарди години.
Роверот направи 142 фотографии во 360 степени со помош на уреди со висока резолуција кои се поставени на неговиот јарбол.
Главната задача на американската вселенска агенција е да се пронајдат траги од некогашниот живот на Црвената планета така што во текот на барем две години ќе собере триесетина примероци од карпите.
Камерите на Perseverance ќе им помогнат на научниците да ја откријат геолошката историја и атмосферските услови во кратерот, како и да го утврдат составот на карпите и наслагите. Примероците ќе ги донесат на Земјата во некоја идна мисија планирана во 2030 година.
(Zimo)
(фото: Youtube screenshot)