Бил Гејтс коментира до кога ќе мора да носиме маски

- Advertisement -

Дали со масовното вакцинирање нашите животи навистина ќе се вратат на старо или и понатаму ќе носиме маски и ќе практикуваме социјално дистанцирање во моментот не е јасно и времето ќе покаже како ќе се одвива ситуацијата со корона вирусот. Она што сега е сигурно е дека дури и ако се вакцинирате, и понатаму ќе мора да се придржувате до епидемиолошките мерки и да носите маска.

За ваквинирањето и маските неодамна на попоуларната апликација Clubhouse зборуваше Бил Гејтс, кој предупреди дека и тие што се вакцинирани можат да го пренесуваат вирусот, па за да даде добар пример ќе продолжи да носи маска. Сепак, верува дека се гледа светлото на крајот од тунелот и дека за неколку месеци ќе олабават и најстрогите мерки, а луѓето конечно ќе можат да се опуштат и да живеат послободно.

- Advertisement -

Тоа би можело да се слуќи на крајот на пролетта или на лето, но треба да се земе предвид дека Гејтс зборува за ситуацијата во САД, која е во многу подобраситуација отколку Европа.

Сепак, тој и понатаму ќе носи маска, особено во близина на постари луѓе кои не се вакцинирани. Гејтс вели дека носењето маски и така не е страшно и тој има намера да носи маска и наесен, односно се додека стапката на заразеност значително не падне. Во однос на некои други експерти, Бил Гејтс е прилично оптимистичен затоа што неодамна главниот медицински советник на Белата куќа, Ентони Фаучи, изјави дека Американците можеби ќе мора да носат маски не само во текот на 2021 година, туку и во текот на целата 2022 година.

- Advertisement -

Се разбира, со оглед ан тоа дека корона вирусот се покажа прилично непредвидлив, денеска е навистина тешко да се даваат некои прогнози за тоа што ќе се случи за неколку месеци, а камоли за една година. i.

(CNBC)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -