Вакцината на Johnson & Johnson доби зелено светло за итна употреба во САД

- Advertisement -

Вакцината на Johnson & Johnson против КОВИД-19 доби официјално одобрение од американските регулатори. Оваа вакцина стана третиот вид вакцини достапни во земјата. Одобрението пристигна еден ден откако одбор на независни експерти достави одобрение за вакцината до Управата за храна и лекови.

Тоа одобрение е дополнителен поттик за американските напори за вакцинирање. Околу 47,2 милиони луѓе во САД примија барем една доза вакцина против КОВИД-19, извести во петокот Центарот за контрола и превенција на болести.

- Advertisement -

Johnson & Johnson соопшти дека 20 милиони дози ќе бидат испорачани во САД до крајот на март. Компанијата планира да испорача 100 милиони дози во текот на првата половина од 2021 година. Дозите можат да се чуваат во стандарден фрижидер, за разлика од исклучително ниските температури при кои мора да се чуваат другите две вакцини, на Modernа и Pfizer/BioNTech.

Глобалното клиничко испитување покажа дека вакцината на Johnson & Johnson е ефикасна со 66% при превенцијата на различни симптоми на корона вирусот. Има и 85% ефективност во заштитата од потешки облици на болеста.

- Advertisement -

Фармацевтската компанија на средината на февруари поднесе барање за одобрение на вакцината против КОВИД-19 во Европската унија, а таа одлука се очекува да биде донесена во март. Таа едноставна вакцина ќе биде четвртата одобрена во ЕУ.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -