Меѓународниот центар во Виена ќе ја реупотребува топлината од клима уредите за греење на 2.400 домаќинства

- Advertisement -

Топлината што при ладење ја испуштаат во воздухот клима уредите во винескиот меѓународен центар (VIC), во идинина ќе се испраќа на локалната топлинска мрежа и ќе опслужува околу 2.400 домаќинства. Овој меѓународен центар е голем комплекс во 22. градски реон, отворен во 1979 година, и во него се лоцирани бројни канцеларии на меѓународни организации, меѓу кои е и седиштето на ОН. Клима уредите ги користат за разладување околу 5.000 вработени од повеќе од 120 земји од светот. Во процесот на ладење настанува топлина која досега како неискористена се испушташе во воздухот. Благодарение на новиот состав на топлински пумпи на енергетската фирма „Виен енерџи“, оваа топлина во иднина ќе се испраќа во топлинската мрежа и ќе ги опслужува домаќинства кои се наоѓаат во близина на комплексот, пишува деловниот портал „Сеебиз.еу“ .

Со рециклирање на енергијата од клима уредите, ќе можат да се произведат околу 18.000 мегавати топлинска енергија годишно.

- Advertisement -

Според Михаел Стреби, претседателот на „Виен енерџи“, повторното користење на енергијата е клучно за енергетската транзиција, а на овој начин емисиите на јаглероден диоксид во Виена ќе се намалат за повеќе од 3.400 тони на годишно ниво.

Покрај веќе класичните системи на производство на енергија, како што е горењето на отпадот или постројките за комбинирано производство на топлина и на електрична енергија, главниот град на Австрија сѐ повеќе вложува во различни водови на обновливи извори на енергија. Така на пример, познатиот производител на наполитанки „Манер“, во соработка со „Виен енерџи“ во погон пушти постројка со која вишокот на енергија од производствениот процес се користи за затоплување на становите и на водата. Овој проект е потврда како може да се постигнат значителни енергетски ефекти од системот на топлење на на ладење.

- Advertisement -

Извор – Мета

Сподели!
- Advertisement -