Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 % во однос на Одлуката од 22.2.2021 година.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 денар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.02.2021 година. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 35,396 ден/кг.
„Одлуката на РКЕ следува по минатонеделниот растечки тренд на цените на нафтата на светските берзи кои пораснаа на највисоко ниво откога е почната пандемијата, а тоа се должи пред се на забрзаниот пад на глобалните залихи, зголемувањето на побарувачката од нафта, како и зголемениот оптимизам за завршување на пандемијата преку имунизација. Еден од клучните показатели како ќе се движи цената на нафтените деривати во следниот период ќе биде и исходот од состанокот на Алијансата ОПЕК +, во која водечки земји се Саудиска Арабија и Русија, која треба да се состане следната недела , за да се одлучи како да се продолжи со намалување на производството од април, што пак е спротивно од препораките од алијансата.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Од 2.3.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 65,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 67,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 56,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 45,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,396 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,364%, дизелот за 2,798%, екстра лесното масло за 3,039% и кај мазутот за 3,013 %. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,43%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.3.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 22.2.2021), се дадени во следната табела:
(фото: Needpix)