Американскиот град Петалума забрани изградба на бензински пумпи со цел да ја намали емисијата на CO2

- Advertisement -

Еден град во САД со одлука на градското собрание едногласно забрани изградба на нови бензински пумпи и додавање на нови пумпи за гориво на постојните бензински станици. Со тоа стана првиот град во САД кој донесол таква одлука.

Градот Петалума во Калифорнија уште во 2019 година донесе мораториум на изградбата на нови бензински пумпи, а со најновата одлука тој мораториум се претврои во трајно решение. Забраната која ја донесоа оди во насока на локалните планови и на плановите на ниво на државата Калифорнија за намалувањето на емисијата на CO2. Калифорнија неодамна ја забрани продажбата на фосилни горива до 2035 година со цел да станат карбонски неутрални до 2045 година.

- Advertisement -

Но, Петалума има и свој, целосно строг план за постигнување нулта стапка на емисија на стакленички гасови до 2030 година. Градското собрани на Петалума забележа дека многу нови возила се всушност електрични и другите градови треба да се подготвуваат за иста транзиција.

Што се однесува на бензинските пумпи во самиот град, кој има 61.000 жители, градските власти истакнуваат дека моменталната покриеност со бензински пумпи е соодветна и дека во градот има многу пумпи кои се на 5 минути возење од која било куќа, како и од сите резиденцијални делови уредени со генералниот урбанистички план до 2025 година.

- Advertisement -

Петалума моментално има 16 бензински пумпи и една во изградба, која е неодамна одобрена. Кога ќе се изгради, таа бензинска пумпа ќе биде последната која ќе се направи во тој град. Градот исто така покрена план за изградба на нови станици за полнење на електрични автомобили, како и станици за полнење со водород.

(The Drive)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -