Хрватска е меѓу топ 7 најпожелни дестинации за работа на далечина

- Advertisement -

Луѓето кои поради пандемијата на корона вирусот моментално работат од дома имаат многу повеќе можности за живот во странство токолку кога било порано. Покрај земјие кои и претходно се одлучија да се отворат за луѓе кои работат на далечина, и некои нови дестинации покренаа програми кои ги привлекуваат вработените да се одлучат да работат оттаму.

Она што главно е потребно е доказ дека примаат доволно средства за долгорочен престој, здравствено осигурување и се разбира, негативен резултат на корона вирус. Ако сите услови се исполнети, тие што работат од дома имаат можност 2021 година да ја поминат на некоја посакувана дестинација.

- Advertisement -

CNBC предлага неколку опции за одмор и работа во оваа година, а на листата од неколку светски локации се наоѓа и соседна Хрватска.

Монтсерат

- Advertisement -

Овој остров во регионот на Карибите е прекуморска британска територија. Туристите моментално не можат да отидат таму, но примаат работници на далечина. Таму можете да останете до 12 месеци, а најмногу такви работници се од САД, Канада и од Европа, односно Велика Британија. Мора да имате здравствено осигурување и заработка од најмалку 70.000 долари годишно.

Бахами

- Advertisement -

Бахамите се една од најпосетените дестинации на планетата. Дозволата за престој таму трае до една година и постои и специјална виза за работници на далечина и студенти која се вика BEATS. Процесот за аплицирање чини 25 долари. Избраните ќе можат да се селат помеѓу 16-те острови на Бахамите.

Дубаи

Според CNBC, ова е уште една погодна дестинација за сите чија работа не е врзана за канцеларија. Припадниците на сите националности можат да аплицираат со доказ дека заработуваат најмалку 5.000 долари месечно. Потребно е да имаат и здравствено осигурување кое се признава во ОАЕ. Исто така, работниците на далечина можат да ангажираат дадилки и возачи, да изнајмат кола и да ги запишат децата во школо според образовниот систем на Дубаи.

Маврициус

Маврициус се промовира како КОВИД-безбедна локација, а се наоѓа во Индискиот Океан. Островот-држава со околу 1,3 милиони жители досега имаше нешто повеќе од 600 позитивни случаи на вирусот. Премиум визата за работници на далечина и пензионери им гарантира престој на Маврициус до 12 месеци.

Хрватска

И Хрватска се најде на листата на CNBC. Нашите соседи почнаа да повикуваа работници на далечина во јануари годинава, што е дел од планот да се опорави економијата, која првенствено зависи од туризмот. Меѓутоа, засега може да се аплицира само во живо, додека аплицирањето онлајн се очекува да почне овој месец. Минималната плата која треба да се има месечно е околу 2.590 долари.

Мадеира

Овој португалски остров е посебен по тоа што на работниците на далечина не им нуди добредојде посебно, туку во заедници. Станува збор за пилот програма која важи од 1 февруари до 30 јуни годинава. Селото Понта до Сол дневно може да прими од 30 до 40 луѓе, велат од организацијата Startup Madeira. На островот моментално има 250 работници на далечина кои користат работни простории, кафулиња и ресторани со бесплатен интернет.

Порторико

Оваа мала егзотична земја исто така сака да привлече туристи кои ги придонеле за нејзината економија. Не постои официјална програма, но се знае дека Американците можат слободно да живеат во Порторико. Не им треба дури ни пасош и можат да ги поведат со себе и домашните миленици. Се што им треба е негативен PCR тест.

(Bizlife)

(фото: Needpix, Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -