Кинески научници се на прагот на креирање контрацептив за мажи

- Advertisement -

Со децении жените ја сносат одговорноста да користат контрацепција, но контрацептивот за мажи е она што долго време ги мачи научниците. Сега изгледа е постигнато откритие кое може да овозможи создавање на безбедна, ефективна контрацептивна пилула за мажи, чие дејство може и лесно да се поништи. Основна состојка на пилулата е соединение кое се наоѓа во кинески треви и се користи во традиционалната кинеска медицина. Досегашните тестови покажале дека таа состојка може да ги направи глувците и мајмуните привремено неплодни.

Соединението се вика приптонид, а се добива од кинеската трева позната како T. wilfordii Hook F. Традиционално оваа трева се користи за третирање на ревматоиден артритис, но од 1980-тите години се вели дека мажите кои ја користеле како суплемент во текот на неколку месеци покажале неплодност. Тоа било нуспојава на третманите за артритис, но токму таа состојка е потребна за машкиот контрацептив.

- Advertisement -

Во новата студија истражувачите анализирале колку може да биде ефективна за таа намена. Тимот анализирал 10 соединенија од тревата и го издвоиле триптонидот како најидеален кандидат за машки контрацептив.

Кај тестовите на животни тимот открил дека со една доза дневно глувците станале неплодни за 3-4 недели, а мајмуните за 5-6 недели. Соединението изгледа функционира така што 100% ја деформира спермата на животните за повеќе да не можат сперматозоидите да пливаат.

- Advertisement -

„Благодарение на децении основни истражувања, кои не инспирираа за идејата дека состојката која ги таргетира протеините клучни за оформувањето на спермата ќе предизвика производство на нефунционална сперма без да се наштети на клетките на тестисите. Многу сме возбудени што оваа идеја се покажа успешна и дека оваа состојка е идеална за машки контрацептив“ вели д-р Веи Јан, главен автор на студијата.

Тој вели дека се надеваат оти наскоро ќе почнат со тестирање на триптонидот на луѓе. Истражувањето е објавено во весникот Nature Communications.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -