Милан Петровски е дел од битолскиот иновативен тим кој ја создаде првата македонска игра во виртуелна реалност!

- Advertisement -

За индустријата за развој на игри во светот, не треба многу да се трошат зборови. Скоро на сите им е познато дека ова е една од најуспешните гранки на ИТ индустријата. На глобално ниво по приходи, таа неодамна ги надмина и филмската и музичката индустрија заедно.

Во Македонија оваа гранка нема некој посебен статус. Се става во збирот на ИТ, иако заради подемот кој го има глобално, треба индивидуално да се третира, а и да се поттикне нејзиниот развој.

- Advertisement -

Ова е сторија за првата македонска игра со виртуелна реалност, која ќе биде “осудена” на успех, благодарение на Melstech, битолска компанија која постои од август 2019 со главен фокус – изработка на видео игри, виртуелна реалност (VR) и аугментативна реалност (AR). 

Секоја добра и успешна приказна се раѓа кога од страст кон одредена работа се јавува желба за успех. Милан Петровски и неговата екипа се вистински пример за тоа. Милн а страствен гејмер, но пред се одличен во тимот за развој на комапнијата. 

- Advertisement -

Новинарка: Љубица Ангелкова

Што е Codename: Urbanon? 

- Advertisement -

Урбанон е ВР игра, која ќе го здогледа светлото на денот благодарение на Фондот за иновации и технолошки развој. Играта е прилагодена од книгата на мојот другар Марио Савовски “Урбанон: Тајните Документи” од која исто така се направи и друштвена игра во стилот на Dungeons & Dragons. Целото дејствие се случува на локации низ Македонија кои што се реконструирани во 3Д и прилагодени за во игра. Играчите се ставени директно во чевлите на тајните агенти од организацијата и самите приказни се претставени на еден тотално иновативен и интерактивен начин. Преку VR уредот тие ќе се најдат во светот на урбаните легенди, и ќе треба преку директна интеракција со светот на играта (користејќи ги контролерите, а и преку целосно движење на сопственото тело) да истражуваат и да ги решат случаите на кои ќе бидат пратени. Играта моментално го користи Unreal Engine 4 и се надеваме ќе бидеме едни од првите на пазарот со најновата технологија која ќе ја нуди Unreal Engine 5 а излегува некаде подоцна оваа година. Играта ќе биде достапна ако оди се по планот во август, оваа 2021 година на Steam, Epic Games и Oculus Store.

Позади целиот овој проект стои Melstech, компанија која постои од август 2019 и главен фокус е изработка на видео игри, виртуелна реалност (VR) и аугментативна реалност (AR). 

Која е предноста старт-ап компанија од светот на ИТ индистријата да има седиште во помал град?

Градот Leamington Spa e мало место во Британија со околу 50.000 жители во кое има повеќе од 40 комапнии за развој на игри во кои работат околу 2.000 експерти за развој на игри. Кај нас потешко се разбира предноста на помалиот град. Јас ќе речам дека во наши услови има и свои предности и недостатоци. Старт-ап во мал град е добро од една страна, заради олеснета комуникација, помирен живот во кој тимот повеќе се фокусира кон работата, природното опкружување со планина, езера, не си многу засенет од голема бројка на компании кои постојат, но од друга страна е лошо за проширување на тимот. Во Битола, па и Македонија развојот на игри е релативно нова гранка и на прсти се бројат луѓето кои што работат на било каков начин на ова поле. Најчесто за да вработиш некого мора да се учи од почеток или да се дообучува ако претходно работел во друга ИТ гранка. 

Виртуелната реалност VR е поле на кое интензивно работите. Зад Вас веќе е еден интересен проект поврзан со археолошки локалитет. Како се случи таа соработка и што донесе проектот како финален резултат?

Пазарот за создавање на производи кои се класифицирани во виртуелан реалност е дефинитивно помал. За да може некој да игра или искуси добро VR искуство, мора да има компјутер од 1000 евра или конзола + headset од уште дополнителни 300-500 евра, и тоа е опрема која не секој може и сака да ја поседува. Но, има сé повеќе и повеќе корисници, а многу добар момент за малите компании е тоа што има и малку апликации и игри со што секоја нова игра има потенцијал за повеќе корисници без да и требаат огромни буџети за маркетинг. Инаку, работевме на проект за археолошкиот локалитет Стоби и навистина сме задоволни од она што излезе како резултат. 

На другите платформи за играње игра најчесто има тастатура и џојстик. Тоа го ограничува играчот. Кај VR тоа го нема. Дали тоа значи дека е далеку потешко да се креира таа “слобода” корисникот да направи се што ќе посака?

VR е комлицирана работа, затоа што многу потешко е да лажираме работи и да криеме детали. Исто така нивото на интеракција мора да е на повисоко ниво. Ако има копче треба да може да се притисне, ако на вистинскиот предмет очекуваш кога ќе го турнеш нештото тоа и да падне, мора да се случи истото. Сé мора да е функционално, инаку се губи чувството на „потопување во VR“.  

Како го тестирате тоа што го правите. Дали анагжирате различни личности во тестирање, различни по висина, физиономија….

Имаме уште неколку месеци до тестирање, но најдобро функционира со неколку групи. Една група на луѓе се оние од индустријата. Тие реално наоѓаат најмногу багови. Следна група на луѓе кои се добри при тестирање се оние кои не играат игри. Од нив гледаме како да подобриме корисничкото искуство и колку јасно се објаснети работите. И конечно третата група за тестирање се гејмерите, луѓе кои имаат играно многу игри и заначат за overall feel на играта. Висина, физиономија не менува многу, барем не во Урбанон. 

Со нетпрпение го очекуваме август и доаѓањето на првата VR македонска игра Codename: URBANON, а дотогаш ќе ве известуваме за напредокот во работата на овој иновативен тим. 

Сподели!
- Advertisement -