Роверот Perseverance на НАСА по прв пат се движеше по поввршината на Марс, а како што се гледа и на објавените фотографии, роботот од еден тон поминува кратко растојание, па се врти во круг.
Веќе поминаа две недели откако роверот стигна на Марс, а планот на НАСА е Perseverance во рок од две години да помине растојание од 15 км. Клучната цел на мисијата на Perseverance на Марс се астролошки истражувања кои вклучуваат потрага за значи на древен микробен живот.
Роверот ќе ја анализира геологијата на планетата и климата од минатото. Ова човечко истражување на Црвената планета ќе биде првата мисија која ќе собира и складира примероци од карпите и реголитот на Марс.
Perseverance слета во неистражен дел – кратерот Езеро, а некои долини кои водат до него го носат името Сава, Плива и Уна. Кратерот Езеро всушност е едно од најдобрите места за истражување на древниот живот затоа што пред околу 3,9 милијарди години веројатно бил исполнет со вода. Досегашните анализи покажаа дека наслагите во кратерот се богати со минерали кои настануваат во присуство на вода, што значи дека таму некогаш може постоел и живот.
Во наредниот период мисиите кои НАСА ги планира заедно со Европската вселенска агенција на Марс треба да испратат вселенски летала кои примероците што ќе ги собере Perseverance ќе ги вратат на Земјата за подетални анализи, пишува BBC.
Мисијата Perseverance Mars 2020 е дел од стратегијата на НАСА во истражувањето на Марс преку базата на Месечината. Дел од стратегијата е мисијата Артемида на Месечината, која треба да помогне во подготовката за човечкото истражување на Црвената планета.
(Klix.ba)
(фото: NASA screenshot)