Guerlain со здружени сили со UNESCO и Анџелина Џоли како кума на кампањата за промоција на пчеларите во 2021 година, и на најсовремената програма за претприемништво за жените пчелари наречена „Жени за пчелите“.
Заземајќи место во организацијата Biosphere Reserves, оваа програма ќе биде предводена со помош на Француската опсерваторија за апидологија (OFA) и ќе ги поддржува пчеларите од Русија до Етиопија до Камбоџа.
„Кога жените ќе стекнат вештини и знаење, тогаш нивниот инстинкт е да им помогнат на останатите. Возбудена сум да ги запознаам сите жени насекаде низ светот кои заземаат учество во оваа програма. Со нетрпение очекувам да ги запознаам и да дознаам што повеќе за нивната култура и околина и улогата која ја имаат пчелите во сето тоа. Се надевам дека обуката ќе ја зајакне нивнате независност, егзистенција и нивните заедници “ Анџелина Џоли.
Активноста започнува на 21 јуни 2021 година и 30-дневната обука се одржува во OFA, лоцирана во „Мassif de la Sainte-Baume”во Прованса, Франција, каде што ќе бидат пречекани педесет неверојатни жени во рок од пет години, од пет различни Резерви на биосфера на УНЕСКО секоја година. Секој учесник ќе се здобие со теоретски и практични основи на различни аспекти на пчеларството, вклучително и водење професионален пчеларник благодарение на пчеларите на OFA експертизата. Целта е да ги зајакнеме жените преку експертиза и одржлива професионална активност.
На крајот на обуката учесниците ќе ги стекнат сите протоколи што им овозможуваат да ги одржуваат своите колонии на пчели, ќе станет целосно професионални пчелари-претприемачи, како и членови на меѓународната мрежа на жени пчелари, кои подоцна ќе може да ги споделуваат своите вештини и знаења за да им помогнат на другите.
„Guerlain е целосно посветен на животната средина, одржливиот развој и заедниците со кои работи. Тоа е она што не спои заедно, а „Жени за пчелите“ е прекрасно продолжение на тоа“ Анџелина Џоли.
Жените се секогаш инспирација за работата на Guerlain, трудејќи се да ја подигне свеста за зајакнување на женските права, и на пчелите, како и на целата животна средина. Жените се секогаш во центарот и нивната посветеност кон пчелите е разбирлива, како и посветеноста на Guerlain на природата и на родовата еднаквост.