Oppo стана најпродаван кинески бренд за телефони

- Advertisement -

Oppo по прв пат стана најпродаваниот кинески бренд за телефони, покажуваат најновите податоци, додека Huawei падна на второ место. Според податоците на Counterpoint Research, Oppo во јануари заезел 21% од кинескиот пазар за смартфони и со тоа станал најпродаваниот бренд за телефони во Кина.

Vivo и Huawei го делат второто место со 20% удел на кинескиот пазар, додека зад нив се Apple и Xiaomi со по 16% удел на кинескиот пазар. Продажбата на смартфоните на Oppo порасна за 26% во однос на 2020 година и за 33% во однос на декември 2020 година.

- Advertisement -

Податоците на Counterpoint велат дека новата серија Reno 5 имала успешно лансирање на пазарот затоа што има подобри спецификации за пониска цена во однос на претходната Reno 4 серија. Но, за Oppo да добие удел на пазарот некој мораше да изгуби дел од уделот, а најновите податоци велат дека Huawei почнува да има проблеми и на кинескиот пазар.

Counterpoint известува дека од Huawei се фокусирале на премиум сегментот од пазарот поради недостиг на компоненти како резултат на санкциите од САД. Поради тоа кинеските дистрибутери се фокусирале на други брендови за да го надоместат недостигот од телефони.

- Advertisement -

Продажбата на брендот Honor на Huawei дополнително ќе го намали уделот на кинескиот пазар затоа што тој бренд сега станува конкурент на пазарот, а не дел од имотот на Huawei. Иако наведените бројки се за јануари, од Counterpoint веруваат дека уделот на Huawei на кинескиот пазар ќе паѓа во текот на цела 2021 година. Oppo ќе се обиде тоа да го искористи со лансирањето на својот нов флегшип уред Find X3 Pro.

(The Verge)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -