Македонија 2025 објави повик за обука за развој на бизнис вештини

- Advertisement -

Македонските претприемачи ќе имаат можност да ги развијат своите аналитички вештини и во целост да го развијат чувството за бизнис на претстојната обука за развој на бизнис вештини во рамки на Лидер проектот, која ја организира организацијата Македонија2025.

Како што стои во соопштението од организацијата, десетдневната обука за менаџмент и бизнис администрација, ќе се одржи од 10-ти до 21-ви мај, 2021 година, во виртуелен формат. Се реализира во соработка со Ivey Business School – Western University (Канада) и ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развијат локални или регионални бизнис решенија, кои ќе создадат нови можности за општествен и економски развој.

- Advertisement -

Претприемачите ќе можат одблизу да работат со инструкторите од ЛИДЕР проектот, со цел да ги претворат своите идеи во реални бизниси на пазарот или пак да воведат новитети во работењето на својот веќе постоечки бизнис.

Повеќе информации за повикот, може да најдете на следниов линк: https://cutt.ly/yl7ygdE.

- Advertisement -

(МИА)

Сподели!
- Advertisement -