Јапонска компанија направи шприц кој ја извлекува секоја капка вакцина од шишенцата

- Advertisement -

Јапонската компанија Terumo објави дека произвела нов вид на шприц кој може да извлече седум дози од секое шишенце на вакцината на Pfizer против КОВИД-19, што е барем една доза повеќе отколку со обичните шприцови.

Министерството за здравство на Јапонија до одобри дизајнот во петокот, а Terumo ќе почне со производство на крајот на март, изјави портпаролот на Terumо за Reuters.

- Advertisement -

Новинската агенција Kyodo, која прва извести за иновацијата, напиша дека Terumo годинава сака да произведе 20 милиони шприцови.

Вакцината која ја развија Pfizer и германскиот партнер BioNTech се испорачува во шишенца на кои е назначено дека има шест дози. Шесте дози може да се извлечат од шишенцата со посебни шприцови за да не останува голема количина вакцина во шишенцата која не може да се искористи. Проблемот е во тоа што може да пропаднат одредени количини вакцини поради немање соодветни шприцови, па затоа оваа јапонска иновација е многу битна.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Free Images Live)

Сподели!
- Advertisement -