Како овој претприемач изгради компанија која ja продаде за 1 милијарда долари на Unilever?

- Advertisement -

Станува збор за многу едноставна компанија. Тие само продаваат жилети за бричење.

Dollar Shave Club е американска компанија со седиште во Калифорнија која се занимава со производство и месечна достава на жилети за бричење. Амбициите на оваа компанија се големи колку и вредноста на компанијата.

Компанијата, како што вели нејзиниот соосновач и извршен директор, Мајкл Дабин, не едноставно продавање на жилети. „Ако жилетот ви падне низ одводот додека го користите, ние сакаме да им се најдеме на луѓето токму во оваа ситуација.“, вели тој.

- Advertisement -

Во 2016 година, познатиот бренд за козметика Unilever ја купи компанијата на Дабин за сума од 1 милијарда долари. Овде се поставува прашањето, како тој успеа да изгради ваква компанија која ќе биде проценета на оваа неверојатна сума?

„Секогаш сум имал посебна страст за уметноста и науката кои стојат позади градењето на бренд. Во секој момент кога клиентот ќе воспоставува интеракција со брендот, вие треба континуирано да ја дефинирате и редефинирате врската која вие како бренд ја имате со клиентот.“, објаснува Дабин.

- Advertisement -

Дабин успешно создава комбинација од чувството за корпоративно работење кое го поседува и способноста да препознае што неговите секојдневни и обични купувачи бараат. Dollar Shave Club го спроведува својот маркетинг во насока да има помогне на своите клиенти да бидат „полирани“ верзии од самите себе.

На прашањето како тој успеа да ја продаде компанијата на Unilever за 1 милијарда долари, тој вели дека уште овој факт му е надреален.

- Advertisement -

„Се зголеми и нашиот потенцијал. Се зголемија и нашите ресурси. И покрај продажбата, слободата на работењето во компанијата останува иста. Токму таа слобода ја препозна и Unilever.“, вели тој.

За продажбата на компанија вели дека тие не ја гледале истата како шанса за пари, туку гледале да изградат партнерство со друг ентитет кој ќе им помогне при нивната мисија.

Погледнете го ова видео за да видите за каква компанија станува збор.

Сподели!
- Advertisement -